28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7 без заедничка изјава – САД сè уште без официјална енергетска политика

Г7 без заедничка изјава – САД сè уште без официјална енергетска политика

Министрите за енергетика на Групата седум индустриски развиени земји(Г7) не успеаја во понеделник да договорат заедничка изјава од дводневниот самит во Италија заради тоа што САД сè уште не донеле одлука за својата енергетска политика.

Италија, домаќин на состанокот на Г7, соопшти дека сите учесници на состанокот, со исклучок на САД, се договориле да го поддржат Договорот од Париз, за да се спречи понатамошно глобално загревање.

САД се во постапка на преиспитување на многу свои политики, вклучително и енергетската. Според најавите на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја соопшти позицијата за Договорот од Париз до крајот на мај.

Парискиот договор е глобален договор за климатските промени кој кон крајот на 2015 година беше потпишан од повеќе од 190 земји по долги и тешки преговори. Договорот вклучува акциски план со кој глобалното затоплување треба да се ограничи на ниво значително помало од 2 Целзиусови степени. Го опфаќа периодот од 2020 година, па натаму.

САД зад Кина се вториот најголем загадувач според количината на емисија на штетни гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП