2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите на еврокомесарите

Автомобилите на еврокомесарите

0,,15775202_303,00

Еврокомесарите имаат добар вкус. Преферираат елитни германски марки за службени автомобили, независно што не се најекономичните.

Кој автомобил ми одговара најдобро? Ова прашање си го поставуваат и еврокомесарите во Брисел. На ВИП-паркингот на Европската комисија човек веднаш може да утврди какви се им опциите. Еврокомисијата преверира германски автомобили. Паркинг всушност изгледа како паркинг пред некој германски концерн.

ЕК одржува флота од 29 луксузни лимузини за кои им се на располагање на комесарите. По една за сите 26 комесари, една за претседателот Баросо и две резервни, во случај на хаварија на некој автомобил. Сите 29 лимузини се „Made in Germany“. Германските автомобилски концерни владеат со 100 проценти во флота на бриселските бирократи.

Екологијата не е на почит

Еврочиновниците не се задоволуваат со народни автомобили од сортата на Фолксваген. Мерцедес доминира со својата S-класа, проследено со „осмицата“ на Ауди и „седмицата“ на БМВ. Во флота на Еврокомисијата има еден единствен „зелен“ автомобил – хибридниот Мерцедес Е-класа. ЕК чува во тајност, кој го нарачал овој автомобил, од безбедносни причини, како што велат од Комисијата. Сепак на виделина излезе и една тајна. Високиот претставник на ЕУ за прашањата на надворешната политика и политиката за безбедност Кетрин Ештон се вози во блиндиран автомобил.

Постарите вработени во Брисел раскажуваат дека германската инвазија меѓу ВИП-возилата е започната пред неколку години. Порано еврокомесарите ги користеле автомобилите, кои се произведени во нивните земји. Италијанците се возеа во Ланчија, Французите во Цитроен, Пежо и Рено, а Британците во Јагуар.

0,,16731256_401,00

Доминацијата е јасна

Според легенди првиот претседател на Европската заедница за јаглен и челик Жан Моне не се разделувал од својот Цитроен. А првиот еврокомесар од Велика Британија сер Кристофер Соумс се возел во Ролс-Ројс. Неговиот наследник Леон Бритон кој станал еврокомесар во 1989-та година, одбрал да се вози во Јагуар. Тоа се времињата кога Британците се уште произведувале квалитетни автомобили.

Сопствени норми за потрошувачка

Бриселските комесари можат да плаќаат месечно до 2 000 евра рати за лизинг. А последниот збор при изборот на нов автомобил го има претседателот на Комисијата. Во кулуарите се раскажува случка со поранешниот британски комесар Питер Менделсон, кој преферирал Масерати, но бил „прекорен“ од претседателот на Комисијата и се задоволил со Јагуар. Никој во Комисијата не се стравува дека германските автомобили можат да бидат заменети од други производители.

Кратката анкета меѓу бриселските политичари го потврдува ова. Сите тврдат дека никој не произведува така убави и цврсти автомобили како Германците. Еврочиновниците немаат проблеми и со климатските услови. Во цела Европа дозволената граница за отстранување на јаглерод диоксид при новите автомобили е 120 грама на километар возење. Сепак, Европската комисија воведе сопствена горна граница за својот автомобилски парк. Таа е значително повисока од дозволената, но во замена на тоа се вклопува одлично на луксузните лимузини, кои се возат во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП