5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлогата на трговијата како мотор на глобалниот раст е загрозена

Улогата на трговијата како мотор на глобалниот раст е загрозена

Улогата на трговијата како мотор на глобалниот раст може да биде загрозена од доцнењето на трговските реформи на почетокот на векот и порастот на протекционизмот по финансиската криза. Ова е пораката во општиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската трговска организација (СТО) и Светската банка, цитиран од агенциите.

Извештајот насловен „Making Trade an Engine of Growth for All“, ги повикува владите да се справат со негативните ефекти кои глобалната трговија ги има врз вработеноста во индустријата, особено во развиените економии.

„Последните докази за ефектот на конкуренцијата при увозот врз вработувањето во индустријата на места како Европа и САД покажуваат колку тешки ќе бидат тие последици при отсуството на придружните политики“, пишува во извештајот на трите организации.

„Улогата на трговијата во глобалната економија е на критичен крстопат“, се вели уште во текстот.

Експертите посочуваат дека се забележува недостаток на реформи, па трговијата да биде од корист на повеќе сектори. Во таква ситуација трговијата натежнува на растот на продуктивноста и економијата како целина.

Авторите на извештајот го цитираат истражувањето, според кое во индустриските области, кои биле изложени најмногу на увозот од Кина од 2000-та година, се забележува значителна и трајна загуба на работни места и приходи, која влијае посилно на работниците со ниска квалификација.

Работниците кои го изгубиле местото поради трендовите во индустријата, обично се постари, со пониска едукација и одамна се надвор од пазарот на трудот во споредба со другите сектори.

Експертите препорачуваат повеќе активни владини политики, отколку традиционалните бенефиции при невработеност, на преквалификација и пренесување во друг сектор на работниците, како и програми за поттикнување на поголема мобилност на работната сила.

Извештајот цитира и истражување, според кое зголемувањето со 1 процентен поен на либерализацијата на трговијата води до зголемување на продуктивноста со 1,23 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП