27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛозарите се уште ги чекаат парите од ланското грозје

Лозарите се уште ги чекаат парите од ланското грозје

grozde-ce-se-preuzimati-4-5-studenoga-1-80-kn-kg-slika-404136

Се уште има винарски визби кои не го платиле ланското грозје иако помина законскиот рок во кој требаше да го сторат тоа, информира претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, Љупчо Аризанов.

– За жал некои од винарите се уште имаат обврски кон лозарите. А требаше да го платат грозјето до крајот на минатиот месец. Не знаеме точно да кажеме колкава е висината на вкупниот долг што го имаат кон производителите на грозје, но апелираме да го исплатат во најкус можен рок со цел да не се соочат со санкции па во иднина да не можат да откупуваат грозје, рече Аризанов.

Тој нагласи дека на лозаропроизводителите полека им станува јасно кои винарници се несериозни во плаќањето на откупеното грозје па во иднина ќе избегнуваат да го дадат својот род од лозјата кај нив.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП