5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот товарен воз од Велика Британија за Кина ќе отпатува денеска

Првиот товарен воз од Велика Британија за Кина ќе отпатува денеска

Првиот товарен воз од Велика Британија за Кина ќе отпатува денеска, натоварен со витамини, бебешки производи и други стоки, информира „Ројтерс“.

Околу 12.000 километри патување од Источна Англија до источна Кина ќе потрае три недели, или речиси половина од времето потребно за транспортот на стоките со брод. Првиот товарен воз од Кина пристигна во Велика Британија во јануари.

Композицијата ќе го мине Ламанш, потоа ќе ја премине Франција, Белгија, Германија, Полска, Белорусија, Русија и Казахстан.

Велика Британија се обидува да ги зајакне трговските врски со остатокот од светот во позадина на започнатата двегодишна процедура за напуштање на ЕУ, забележуваат агенциите.

Лондон е 15-иот европски град кој има директна железничка врска со Кина, откако во 2013-та година беше претставена иницијативата „Еден зона, еден пат“ на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Стоките кои заминуваат за Кина, вклучуваат безалкохолни пијалоци, витамини, фармацевтски и бебешки производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП