2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичката понуда на Македонија претставена на саемот за туризам во Албанија

Туристичката понуда на Македонија претставена на саемот за туризам во Албанија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија викендов за прв пат ја претстави туристичката понуда на Македонија на првиот меѓународен саем за туризам (MTF – Mediteranian tourism fair) во Тирана, Албанија.

За време на саемот за туризам во Албанија, кој беше во организација на албанската влада, АППТ ги претстави природата и културата со кои располага Македонија пред 73 излагачи и бројни гости, а интересот беше огромен, посебно од помладата публика.

Штандот на Македонија воедно беше посетен и од видни претставници на албанската влада како Милва Економи, министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Албанија, Ардит Чолаку, директор на Агенцијата за туризам на Албанија, но и од Стојан Карајанов, амбасадор на Република Македонија во Албанија.

Директорката на АППТ, Лела Крстевска беше учесник и на панел дискусија за време на саемот заедно со министерот за трговија и индустрија на Косово, Хикмете Бајрами, министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Албанија, Милва Економи и Брајан Вилијам, координатор на Обединетите нации во Албанија.

За време на дискусијата насловена како како “Регионална соработка во туризмот во контекст на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед” ја истакна суштината на меѓународната соработка во регионот и ја потенцираше нејзината важност во име на одржливиот туризам. За време на панелот Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот – Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар