5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси половина од БДП-то на ЕУ се генерира од три држави

Речиси половина од БДП-то на ЕУ се генерира од три држави

14,8 илјади милијарди евра – тоа е големината на европската економија во 2016-та година. Малку над 50% од неа се генерира од три држави, покажуваат податоците на „Евростат“.

Тоа се Германија, чија економија сочинува 21,1 отсто, следена од Велика Британија и Франција со удел од 16 и 15%.

Само уште една економија во ЕУ е со удел од над 10%. Тоа е италијанската економија, чиј износ е еднаков на 11.3 проценти.

Со помал удел се уште Шпанија (7,5%), Холандија (4,7%) и Шведска (3,1%).

Сите останати економии сочинуваат под 3 отсто од вкупната во ЕУ. Полска и Белгија се со удел од 2.9 и 2.8, а Австрија со 2,4 отсто.

Под 1 отсто удел во ова рангирање имаат Унгарија, Словачка, Луксембург, Бугарија, Хрватска, Словенија, Литванија, Латвија, Естонија, Кипар и Малта.

Податоците покажуваат уште дека петте најголеми економии во ЕУ сочинуваат над 70% од БДП-то на 28-те економии членки.

Економијата на еврозоната се пресметува на 10,7 илјади милијарди евра, или околу 72.5% од онаа на ЕУ. Со најголем удел се Германија и Франција, чиј удел изнесува 29.2 и 20.7%, или вкупно близу 50 отсто од БДП-то на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП