28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот ова се уште не го видел: Никнува неверојатен град

Светот ова се уште не го видел: Никнува неверојатен град

Саудиска Арабија во 2018 година ќе започне со изградбата на гигантскиот „град-забава“, благодарение на локалните и странски инвестиции во рамките на проектот за разновидност на економијата на земјата.

Проектот за разновидност на економијата на земјата има за цел да ја намали зависноста на земјата од нафтата и во иднина да обезбеди средства и пари и од други гранки, потенцираше синот на кралот и вториот наследник.

Зоната југозападно од главниот град на Саудиска Арабија Ријад ќе биде домаќин на „најголемиот културен, спортски и забавен град во кралството, односно најголемата светска забавна атракција“, изјави синот на кралот и министер за одбрана Мухамед бил Салман, кој го цитираше новинската агенција Спа.

„Единствен во светот, градот-забава ќе има површина од 334 квадратни километри“, додаде тој, што одговара на приближно три површини на Париз.

Градот ќе нуди „внимателно одбрани квалитетни активности“, меѓу кои сафари и и џиновски забавен парк, изјави Бин Салман.

Ќе биде домаќин и на спортски натпревари и автомобилски трки. Ќе опфаќа ресторани и хотели од целиот свет со цел да привлече туристи во она што се нарекува „центар на футуристичка авантура“.

Камен-темелот на градот-забава ќе биде положен во 2018 година, а проектот службено ќе се инаугурира во 2020 година. Јавниот инвестициски фонд со кој претседава ќе биде главен инвеститор покрај „елитата од големи локални и странски инвеститори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП