Додека се повеќе се зборува дека прилично голем број работни места ќе исчезнат поради автоматизација, роботската револуција на работните места ќе дојде со нов бран на вработување, пишува „MarketWatch“.
Близу 15 милиони нови работни места ќе бидат создадени во САД во текот на следната деценија како директен резултат од автоматизацијата и вештачката интелигенција, што е еквивалентно на 10% од работната сила, покажува извештајот на компанијата за истражување на пазарот „Forrester Research“.
Сепак овие бројки не можат да ги компензираат 25-те милиони работни места кои технологијата ќе ги затвори до 2027-ма година, прогнозира „Forrester“.
Според извештајот новите работни места ќе бидат создадени во областа на софтверот, инженерството, дизајнот, одржувањето, обуката и други специфични дејности. Потребни се дури и нова генерација на адвокати кои ќе ги регулираат односите помеѓу човекот и робот на работното место.
Во исто време работните места нема да бидат само создавани или затворани. Тие ќе бидат и транформирани. „Forrester“ проценува дека најмалку 25% од сите работни места ќе претрпат промена од гледна точка на одговорностите во резултат на автоматизација.
Промените ќе влијаат вклучувајќи во области како финансиите, медицината дури и земјоделството.
Дебатата за автоматизација и ефектот од вештачка интелигенција врз вработувањето во САД допрва ќе се развива и ништо нема да се промени толку брзо. Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин дури прогнозира дека може да потрае и до еден век за исчезнувањето на традиционалните работни места.
Но има причина да бидат внимателни за новиот бран од роботи на работното место. Според студија на економисти од МИТ и Бостонскиот универзитет, еден робот ќе ја врши работата на шестмина вработени.
Најтешко погодени се очекува да бидат оние сфери на работа, кои се поврзани со физичка работа и некој вид производство, како и луѓето без високо образование.