9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во еврозоната позајмиле 233 милијарди долари

Банките во еврозоната позајмиле 233 милијарди долари

Банките во еврозоната во голем број се упатија на последната аукција на евтини долгорочни кредити кои ги доделува Европската централна банка.

Вкупно 474 банки позајмиле 233,5 милијарди евра, што е речиси четири пати повеќе отколку на декемвриската аукција на ЕЦБ, на која се задолжија со 62,2 милијарди евра.

Ако се одземе износот кој банките го употребиле за отплата на стари долгови кон ЕЦБ, вкупно во економијата на еврозоната се вбризгани 216 милијарди евра свежи пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП