17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot се враќа на американскиот пазар

Peugeot се враќа на американскиот пазар

Француската автомобилска алијанса „PSA“, која ги обединува марките „Peugeot“, „Citroen“ и „DS“, најави враќање на американскиот пазар. Преговори за тоа се водат веќе 3 години, а веќе сè е официјално и Французите се подготвени со американската поделба. Таа ќе биде предводена од Лери Доминик, кој порано работел во „General Motors“, „Chrysler“, „Nissan“ и „TrueCar“.

Првиот чекор на „PSA“ на вториот по големина пазар во светот ќе се ограничи само со „каршеринг“ – заедничко користење на автомобили од повеќе луѓе. Услугата започна да дејствува на 3-ти април со претставувањето на сервисот „Free2Move“ кој работи на аеродромот во Лос Анџелес, но ќе ја покрие целата земја.

Следниот чекор на развој ќе стане создавањето на „мобилен сервис“ кој ги користи автомобилите на „PSA“. Продажбата на француски автомобили во САД сепак ќе стартува дури по 10 години, а се уште не е одлучено дали Алијансата ќе создаде сопствена дилерска мрежа или ќе се потпира на користење на други фирми.

Брендот „Peugeot“ стапна на американскиот пазар во 1960-та година со седанот „404“, а го напушти во 1991-ва година. Последниот модел на Французите понуден во САД, беше „Peugeot 405“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП