1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБатериите не го изгореа профитот, Samsung е без грижи

Батериите не го изгореа профитот, Samsung е без грижи

Компанијата „Samsung“ очекува скок на профитот во првиот квартал оваа година од 48,2 проценти и покрај фијаското со смартфонот Galaxy Note 7 и апсењето на нејзиниот висок претставник.

Најголемиот светски производител на мемориски чипови и смартфони проценува оперативна добивка во периодот од јануари до крајот на март од 9,9 илјади милијарди вони (8.8 милијарди долари), што е за 48,2 проценти повќе во однос на истиот период минатата година, благодарение на силната продажба на мемориски чипови и дисплеј панели.

Тоа е втората најголема оперативна добивка која некогаш ја остварил „Samsung“.

Најголемиот квартален оперативен профит на компанијата изнесувал 10,1 илјади милијарди вони, а забележан е во третиот квартал од 2013 година.

Скокот на оперативната добивка е забележан и покрај скромниот раст на приходите на „Samsung“ од само 0,44 проценти на годишно ниво, на 50.000 милијарди вони.

Аналитичарите солидниот резултат го препишуваат на профитабилност од мемориските картички и OLED екраните, додава француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП