21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ја предупредуваат ЕУ: Русите го губат трпението

Германците ја предупредуваат ЕУ: Русите го губат трпението

Санкциите кои ЕУ ги наметна на Русија предизвикуваат значителна штета во трговијата и би требало постепено да бидат укинати, вели Марио Менхрен.

Менхрен, кој е шеф на „Wintershall“, најголемиот произвoдител на сирова нафта и природен гас во Германија повикува на тоа да се испитаат начините да се укинат санкциите. Тој додава дека не е единствениот кој е за овој потег.

Според зборовите на Менхрен, казнените мерки ја загрозуваат како руската економија, така и трговијата меѓу Русија и Европа, а никакви чекори не се прават за решавање на политичката криза поради која се воведени санкциите.

Директорот на „Wintershall“ предупреди дека Европа може да го загуби партнерство со Русија доколку овие мерки останат на сила.

„Москва започнува да го губи трпението и може да ни го заврти грбот“, додаде тој.

Менхрен ги повика официјалните претставници јасно да и укажат на Русија кои чекори треба да ги повлече за да се оствари напредок во решавањето на политичката криза и оценуваат дека досегашните барања на ЕУ кога станува збор за договорот од Минск, за „се или ништо“ не донеле никакви резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП