24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромет од над 10 милиони денари имаше во последниот трговски ден

Промет од над 10 милиони денари имаше во последниот трговски ден

На последниот трговски ден оваа недела вкупниот промет на берзата изнесуваше 10.9 милиони денари, а истргувани беа 5.282 лотови преку 59 трансакции. На листата на “милионерите” се запишаа три хартии од вредност кои остварија промет од над милион денари.

Убедливо најтргувана хартија вечер, а и претходните четири дена беше акцијата на Алкалоид АД Скопје. Конкретно имаше промет од 3,1 милиони денари со истргувани 541 лота по просечна цена од 5.899,04 денари, при што цената порасна за 1,08 отсто.

Зголемен обем на тргување имаше и со акцијата на Македонијатурист каде преку три трансакции се истргуваа 746 лотови по цена од 3.550,00 денари, додека со акцијата на Комерцијална банка стандарно солиден промет од 2,3 милиони денари со истргувани 843 лотови по просечна цена од 2.799,63 денари.

Индексите беа во позитивна територија, при што МБИ-10 заврши со раст на вредноста од 0,24 проценти, додека индексот ОМБ беше со пад на вредноста од 0,88 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП