23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во САД падна на најниско ниво од пред 10 години

Невработеноста во САД падна на најниско ниво од пред 10 години

Вработувањето надвор од земјоделство во САД расте со 98.000 работни места во март, што е под прогнозите за околу 180.000 нови позиции.

Податоците на Канцеларијата за трудова статистика покажуваат дека невработеноста се намалува од 4,7 до 4,5%, што е најниско ниво од мај 2007-ма година.

Бројките растат со 0,2% на месечна и со 2,7% на годишна основа.

„CNBC“ наведува дека и во јануари, и во февруари податоците ги надмина очекувањата на експертите и како целина пазарот на труд во САД ја започна годината многу добро.

Во средата традиционално беше објавен извештајот на приватната компанија „ADP“ и тој исто така покажа импресивен раст на вработеноста во приватниот сектор со 263.000 позиции. Тоа во голема мера влијаеше на очекувањата дека таа динамика ќе продолжи.

Всушност доцнењето во однос на првите два месеци од годината е нагло, но најверојатно тоа се одразува за враќање на ситуацијата во нормала, коментира „Bloomberg“.

Пазарот на труд и даде доволно доверба на ФЕД да ги подигне каматните стапки во март. Бизнисот се соочува со намалување на уделот на невработените и тоа го зголемува притисокот за зголемување на платите, па да се привлечат и задржат добрите вработени.

Американскиот претседател Доналд Трамп си постави за цел создавање на 25 милиони работни места во рамките на 10 години, што укажува на 208.000 нови позиции месечно, посочува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП