12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИReuters: Руперт Мардок ќе го купи Sky

Reuters: Руперт Мардок ќе го купи Sky

Гигантот „Twenty-First Century Fox“, сопственост на милијардерот Руперт Мардок, ќе добие зелено светло од антиномополнскиот орган на Европската унија за купување на европската медиумска група „Sky“.

Тоа го посочуваат од „Reuters“, повикувајќи се на нивни извори запознаени со случајот.

Зделката ќе биде во вредност од 14,5 милијарди долари. Моментално „FOX“ веќе поседува 39% од „Sky“.

Мардок и неговата фамилија одамна имаат желба да се здобијат со целосна контрола над британската медиумска група „Sky“, и покрај лошото искуство што го имаат на Островот.

Во 2011-та година веќе непостоечкиот таблоид „News of the World“ беше вовлечен во скандал со телефонско прислушување.

Како резултат на драмата која стигна и до парламентот во земјата, Мардок го затвори весникот, и покрај неговата 168-годишна историја.

Европската комисија, која треба да даде дозвола за трансакцијата, откажала да даде коментар за новинската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП