17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележување на Меѓународниот ден на лица со аутизам

Одбележување на Меѓународниот ден на лица со аутизам

Во вторник со почеток во 18 часот во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Будење“, а преку оваа изложба Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

Во таа насока беа организирани ликовни работилници во соработка со здружението „ВО МОЈОТ СВЕТ“ ПОУ ,„Иднина“- Скопје, Македонското научно здружение за аутизам и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби. Во преубавиот амбиент на Чифте амамот дечињата изработија уникатни ликовни творби и го покажаа нивниот огромен творечки талент. Овие творби се одраз на нивната душа, тие не учат за љубовта. Различни, а сепак толку исти, во несовршеноста е убавината.

Националната галерија на Македонија во текот на годината организира голем број на детски работилници и изложби посветени на ранливите категории. По изложбите „Сите бои на љубовта“, 2015 год. и „Наречи ме љубов“, 2016 година ова е трета изложба посветена на дечињата со аутизам. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 20-ти април во Национална галерија на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП