18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрафик на денот: Најголемиот пазар на електрични автомобили во светот

График на денот: Најголемиот пазар на електрични автомобили во светот

Кога минатата недела стана јасно дека кинеската „Tencent“ купи 5% удел во „Tesla“ за 1,8 милијарди долари, цената на акциите на производителот на електрични автомобили тргна нагоре. Тоа беше сигнал дека акционерите се задоволни од гласањето на доверба од кинескиот играч од таков калибар, коментира „Statista“.

Иако договорот не го зголемува особено готовинскиот баланс на „Tesla“ пред една предизвикувачка година, тој може да му помогне на „Tesla“ да стапне на кинескиот пазар на долг рок.

Како што покажува денешниот график, кинескиот пазар на електрични автомобили е најголем во светот, а веројатно ќе се прошири уште повеќе. Додека „Tesla“ се обидува да ја забрза значително продуктивност во следните неколку години, Кина може да стане повеќе важна за компанијата.

А кинескиот инвеститор може да му помогне на „Tesla“ да влезе на пазарот, каде се уште претежно доминираат локалните играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП