29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири корисни совети за вашиот следен разговор за работа

Четири корисни совети за вашиот следен разговор за работа

Разговорот за работа со работодавецот може да биде премногу стресен.

За среќа, постојат совети од експертите, кои можат мнoгу да ви помогнат да ја намалите нервозата.

Подгответе се

Никогаш не одете на разговорот, доколку претходно не се подготвите. Пред да се сретнете со работодавецот, запрашајте се што всушност сакате и кој е најдобриот можен исход од тој разговор. Тоа ќе ви даде структура, цел и дополнителен мотив за самодоверба.

Отвореност

Не се плашете на работодавецот да му дадете мал увид во вашиот живот. Луѓето често чувствуваат дека во деловното опкружување мораат да постават цврста граница помеѓу приватниот и деловниот живот, но вистинскиот однос се гради врз база на искреноста и отвореноста, но сепак, останете професионални.

Бидете внимателни

Внимателно слушајте го секој збор на идниот работодавец. Така подобро ќе ги разберете неговите сакани резултати па и полесно ќе се вклопите во нив.

Поставете прашање

Не е забрането да му поставите некое прашање на лицето кое седи со вас на состанокот. Така ќе ја покажете својата заинтересираност, а подоцна можете да покажете дека добро сте слушале што ви зборувале, а тоа на потенцијалниот работодавец ќе му драго да го слушне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП