20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК донесе конечни антидампинг давачки врз кинескиот челик

ЕК донесе конечни антидампинг давачки врз кинескиот челик

Европската комисија (ЕК) донесе антидампинг давачки меѓу 18,1 и 35,9 проценти на челичните производи од Кина, во обид да го спречи „поплавувањето“ на европскиот пазар, пренесе АП.

Истрагата потврдила дека кинескиот топло валани лист челик се продава во Европа со дампинг цени, објави ЕК.

Со одлуката се утврдува конечниот лик на антидампинг мерките, воведени привремено во октомври.

Конечните царини се повисоки од привремените и имаат за цел да ги заштитат европските производители на челик од погубното влијание на кинескиот дампинг, објасни портпаролот на Комисијата.

Производството на челик е обележано со прекумерната продуктивност во светски план и е забележана со особено внимание од Европската унија, која веќе воведе десетици мерки за комерцијална заштита на увозот на стоки во секторот на челичната индустрија.

ЕУ исто така, објави дека одлучиле да ги оданочуваат истите овие производи од Бразил, Иран, Русија, Србија и Украина.

„Проверката за увозот од овие земји ќе продолжи уште шест месеци и ќе претстави поцелосна оценка за влијанието на потенцијални мерки врз секторите со увоз на челик“ за своето производство во ЕУ, прецизира портпаролот на комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП