1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на „Про арс“ во Музеј на град Скопје

Концерт на „Про арс“ во Музеј на град Скопје

Во рамките на 40. Денови на македонската музика, вечерва во 20 часот во Музејот на град Скопје, ќе биде одржан концерт на камерниот мешан хор „Про Арс“.

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток на еден ваков ансамбл, кој професионално и, пред сѐ, квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена кај нас.

Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика.

Во своето петгодишно делување хорот оствари концерти на „Охридско лето“, Денови на македонска музика, самостојни концерти од циклусот „Јубилеи“, соработка на проекти со разни други институции и фондации, како и студиски снимки за високобуџетни филмски остварувања и странски едукативни програми.

Од 2016 година хорот започна и со својата меѓународна активност преку успешните настапи во Солун и Софија. Членовите на професионалниот хор „Про Арс“ се млади, мотивирани, вокално образувани хорски уметници, подготвени за ефективна и професионална работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП