Водечките технолошки гиганти во Jужна Кореја, „Samsung“ и „LG“ го зголемиле својот буџет за маркетинг во 2016 година, во споредба со 2015 година.
Така „Samsung“ во 2016 година потрошил дури 10,2 милијарди долари, што претставува зголемување за 24 проценти во однос на претходната 2015 година. Од друга страна „LG“ бил далеку „поскромен“ со потрошени 1,6 милијарди долари, односно зголемување од 15 проценти.
Експертите наведуваат дека „Samsung“ ги користел сите можни маркетинг трикови и трошел огромни пари со цел барем малку да го ублажи големиот удар кој го предизвикаа проблемите со Galaxy Note 7 смартфонот.
Од друга страна, „LG“ главно инвестирал во промоција на домашните апарати, како што се LG OLED TV итн.
И во 2017 година се очекува дека и двете корејски компании ќе продолжат да трошат големи средстсва на маркетинг.