18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon на корисниците ќе им врати 70 милиони долари

Amazon на корисниците ќе им врати 70 милиони долари

Во согласност со одлуката на американскиот суд, Amazon е должен да ги врати парите на корисниците чии деца, поради нејасно дефинираниот процес за купување во внатрешноста на апликацијата, им предизвикаа непредвидени трошоци на своите родители.

Спорните неавторизирани купувања се случувале во периодот од ноември 2011 година до мај 2016 година.

Во вторникот челниците на Amazon одлучија да им удоволат на сите поставени услови од американската Федерална трговска комисија (FTC), особено што се однесува на откажувањето на понатамошните жалби на судот во смисла на претходно споменатата пресуда.

Amazon ќе започне со процесот за враќање на парите на оштетените корисници, за што ќе потроши околу 70 милиони американски долари. Парите на корисниците ќе им бидат уплатени на нивните сметки во најскоро време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП