2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ предупредува: Лондон може да ја загуби својата позиција

ЕУ предупредува: Лондон може да ја загуби својата позиција

Лондон би можел да ја загуби доминантната позиција како финансиски центар на Европа откако Британија ќе отстапи од ЕУ, вели претседателот на еврогрупата Јерон Дајселблум.

„Ќе биде исклучително комплексно да му се дозволи на Лондон да остане европски центар за финансиски услуги, доколку со тек на време дојде до отстапки од регулаторните стандарди“, оцени Дајселблум на конференцијата во Берлин, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Изедначувањето на прописите и регулативата на Обединетото Кралство со ЕУ е прилично едноставно на почеток. Меѓутоа, со тек на време, нашите стандарди и начините на надзор ќе започнат да се разликуваат“, додаде тој.

Од таа причина, Дајселблум повика на многу блиска соработка по прашањето за финансиските регулативи, бидејќи во спротивно, како што кажа, ќе дојде до негативни ефекти по европската економија и Лондон.

Британија во 2019 година би требало да ја напушти ЕУ, откако британските граѓани во јуни минатата година гласаа за излез од Унијата, а владата во Лондон минатата недела ја покрена двегодишната процедура за излез од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП