21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа плоштад Македонија информативен пункт за граѓаните во врска со депресијата

На плоштад Македонија информативен пункт за граѓаните во врска со депресијата

Светскиот ден на здравјето 7 април 2017 година, посветен е на депресијата насловен како “Депресија – ајде да разговараме”, а по тој повод на плоштадот Македонија 09 до 14 часот, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, ќе постави информативен пункт.

Граѓаните ќе имаат можност да зборуваат со здравствените работници и да се информираат за причините и можните последици од депресијата, како да ги препознаат симптомите на депресија и каде можат да побараат помош. Семејството, пријателите и колегите исто така можат да се информираат како да им помогнат на лицата со депресија.

На пунктот, граѓаните ќе добијат и флаери со превентивни содржини за депресијата, изработени од Светска здравствена организација.

Според податоците на Светска здравствена организација, 322 милиони луѓе или 4,4% од светската популација на глобално ниво имаат депресија. Депресијата е главна причина за 800 000 самоубиства на годишно ниво во светот и претставува втора водечка причина за смртност меѓу помладата популација.

Целта на кампањата “Депресија – ајде да разговараме “, е што поголем број на луѓе кои имаат симптоми на депресија, да побараат навремена помош. Светска здравствена организација, оваа година посебно внимание посветува кај лицата кои се најосетливи, како што се адолесцентите и младите луѓе, жените во репродуктивен период (особено после породувањето) и старите лица.

Според проект на Министерството за здравство ,ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, од декември 2014 година, во пет поликлиники има отворено Центри за депресија, кои работат по еден ден во неделата во период од 15 до 20 часот.

Во центарот работи тим од специјалист доктор психијатар и медицинска сестра. До сега во Центрите за депресија услуга побарале 324 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП