8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен ден на Македонската берза

Релативно мирен ден на Македонската берза

Вкупниот промет на Македонската берза во четврток изнесуваше 4,9 милиони денари реализирани преку 41 трансакција и истргувана количина од 1.565 лотови.

Индексот МБИ10 е во позитива од 0,25%, со што денот го заврши на вредност од 2.262,11 индескни поени.

На врвот по прометот со учество од 39 отсто се најде акцијата на Алкалоид АД Скопје со истргувани 334 лотови по просечна цена од 5.835,93 денари. Воедно акцијата на Алкалоид забележа и раст на цената од 1,10 отсто.

Раст на цената имаше и кај акциите на Бетон АД Скопје (+1,31%), Фершпед АД Скопје (1,19%), ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово (+0,58%) и НЛБ Банка АД Скопје (0,23%)

За обврзниците денес немаше заинтересираност, па така индексот ОМБ остана непроменет на претходната вредност од 129,68 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП