10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови проекти на Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП

Нови проекти на Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП

Министерството за локална самоуправа, со поддршка на УНДП, планира годинава да реализира проекти во функција на зајакнување на капацитетите на Центрите за развој на осумте плански региони.

Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска и заменикот постојан претставник на УНДП Нарине Сахакјан, ги запознаа раководителите на Центрите со планираните проекти.

Станува збор за формирање на тела за енергетска ефикасност во два плански региони, по примерот на Вардарскиот плански регион, подготовка на студија за воспоставување на меѓурегионален технолошки парк на Источниот и на Вардарскиот плански регион.

Потоа мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам во Пелагонискиот, Источниот, Југоисточниот и Скопскиот регион, поддршка на четирите најмалку развиени општини во Пелагонискиот, Источниот, Југоисточниот и Скопскиот плански регион, со подготовка на техничка документација за изградба на приоритетен инфраструктурен објект, по примерот на Дебарца, Боговиње, Липково и Чашка, како и финансирање на една приоритетна акција од Програмите за работа на Мрежите за инклузивен развој во планските региони, во вредност од 15 илјади евра за секој плански регион.

Праксата на директна комуникација меѓу партнерите и корисниците на проектите ќе продолжи и во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП