13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешката централна банка го укина минималниот курс на круната кон еврото

Чешката централна банка го укина минималниот курс на круната кон еврото

Чешката централна банка го укина во четвртокот минималниот курс на круната во однос на еврото, овозможувајќи ѝ на својата национална валута да зајакне во однос на европската првпат од 2013 година.

Со укинувањето на минималниот курс од 2 круни за едно евро, централната банка, исто така, ги создаде условите за поевтинување на стоките од еврозоната во Чешка. Чешката економија, сепак, ќе се најде под притисок, бидејќи чешките индустриски производи ќе бидат помалку конкурентни на пазарите во земјите членки на единствената европска монетарна унија.

Одлуката на централната банка се надоврзува на јакнењето на инфлацијата на 2,5 отсто, со што го надмина зацртаното ниво од 2 процента. Во централната банка очекуваат дека во втората половина од годинава ќе се приближат на нивото од 3 отсто.

Реакцијата на пазарите на укинувањето на минималниот курс била релативно блага во очекување на прес-конференцијата на гувернерот Јири Руснок. Чешката круна, така, непосредно по објавувањето на одлуката скокна за околу еден отсто, на 26,759 круни за евро, за потоа повторно да ослабе, и со еврото да се тргува по 26,93 круни, Накусо се спушти и подолу од нивото од 27 круни за евро.

Со тоа работите во Чешка тргнаа во поинаква насока отколку во Швајцарија откако тамошната Швајцарска народна банка (SNB) во 2015 годна ги изненади пазарите со укинувањето на минималниот курс на франкот во однос на еврото, предизвикувајќи силен скок на швајцарската валута во однос на заедничката европска валута.

Чешката централна банка претходно сигнализираше дека би можела да го укине минималниот курс на круната кон еврото, па трговците вложиле милијарди евра во шпекулациите со јакнењето на круната.

Во четвртокот од централната банка повторија дека, доколку е потребно, се подготвени да интервенираат на пазарот за да ги придушат прекумерните осцилации на валутните курсеви. Додадоа и дека нема да ги објавуваат нивоата на евентуалните интервенции.

Трговец од чешката престолнина Прага, кој сакал да остане анонимен, за Reuters рекол дека неговата банка сé уште не ја применила интервенцијата на централната банка на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП