2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакон предвидува казни до 50 милиони евра за ширење на лажни вести...

Закон предвидува казни до 50 милиони евра за ширење на лажни вести во Германија

Германската влада го одобри законот кој го забранува говорот на омраза и ширењето на лажни вести во социјалните медиуми. Санкциите предвидуваат парични казни до 50 милиони евра, пишува „Washington Post“.

Мерките ќе бидат применувани главно за „Facebook“ и „Twitter“. Социјалните мрежи ќе треба брзо да ги отстрануваат постови кои содржат навредлива содржина и лажни вести.

Следниот чекор е нормативниот чин да биде одобрен од парламентот. Очекувањата се тоа да се случи пред септември, кога ќе се изборите за нов Бундестаг. Ова ќе биде одговорот на Берлин на стравувањата за напади од лажни вести кои влијаат на изборните резултати.

Против ширењето на лажни вести токму во социјалните медиуми пред неколку недели се огласи и Европската комисија. Европските службеници разговараа со претставници на „Facebook“, „Twitter“ и „Google“ во средината на март и побараа прописи, повикувајќи се на голем број поплаки од корисниците.

Темата за лажните вести беше разгледана и во дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент. Пратениците сепак не успеаја да постигнат консензус за какви мерки да бидат преземени – отстранување на содржината, парична казна или дури специјална обука за ракување со медиумски содржини.

Институцијата сепак е категорична дека лажните вести и постови со навредлива содржина и јазик на омраза треба брзо да бидат избришани од социјалните медиуми. Пратениците побараа Европската комисија да подготви и посебен закон за случајот, станува јасно од порака на сајтот на парламентот.

Некои пратеници сметаат дека младите луѓе во заедницата имаат потреба од подобрување на медиумската култура, особено со оглед на фактот дека социјалните медиуми се главен извор на информации за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП