Сезоната на пролетни чевли е отворена, а со неа најчесто се активираат и болните плускавци…
Упорните и болни плускавци на петите, прстите доаѓаат како „бунт’ на стапалата кои нагло се извлечени од удобните топли и меки чизми. „Не им е така лесно“ да се префрлат на летни чевли или балетани, па негодуваат.
За да спречите плускавци, најдобро е да купите силикони и да ги ставите таму каде што стопалата ви се најчувствителни, за да ги заштитите.
А доколку веќе се појавиле, важно е веднаш да ги санирате.
Наполнете лавор со топла вода и сипете во неа сода бикарбона, па држете ги нозете во купката 15 минути, додека да омекне кожата. Потоа натопете памук со рицинусово масло, ставете го на плускавците и прелепете со фластер.
Најдобро е така да преноќите, а наутро повторно да ги премачкате раните со маслото.
Повторувајте го третманот се додека кожата комплетно да заздрави.