15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротест во знак на револт против рударските несреќи во Саса

Протест во знак на револт против рударските несреќи во Саса

B393EF12037FA94C91F3D409C246F80D

На платото пред поранешната управна зграда на рудникот „Саса“ во центарот на Македонска Каменица попладнево се одржа протестен собир под мотото „Четири години – седум жртви, Стоп за црната статистика“.

Од Организацискиот одбор истакнаа дека целта на собирот е на мирен и достоинствен начин да се укаже на големиот број рударски несреќи и жртви, за последниве четири години по рестартирањето на рудникот „Саса“ од руската компанија „Солвеј“. Повод за собирот е последната, седма по ред, рударска несреќа со смртни последици во „Саса“.

Според претседателот на Организациониот одбор, Ненад Гоцевски, протестот е јавно обраќање до надлежните инспекциски органи за постојано следење и доследна  примена на законските мерки за безбедност при работа.

Учесниците на собирот побараа да се направи ревизија на постапките на сите смртни случаи во „Саса“ и отворање повторна истрага.

– Рудникот „Саса“ постои од рударите и за рударите, како што и Општината постои од граѓаните и за граѓаните. Затоа кога се работи за животот, безбедноста и условите за работа на нашите татковци, синови и браќа, тука нема политичка или каква било друга поделеност на населението, истакнаа од Организацискиот одбор.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП