20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемување на платите од 10 отсто за судиите и судската администрација

Зголемување на платите од 10 отсто за судиите и судската администрација

Ова зголемување се однесува на додатокот на надоместокот на мартовска плата, потврди за Макфакс, Зоран Караџовски.

Мартовската плата на над 560 судии и преку 2.400 лица вработени во судска администрација ќе биде со зголемен додаток на надоместокот во висина од 10 отсто. Ова за Макфакс го потврди претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Станува збор за околу 12 милиони денари, или 200.000 евра.

Тој потенцираше дека зголемувањето е еднократно и секој месец ќе се прави анализа на судската буџетска каса.Доколку има пари,ќе се носи посебна одлука за висината на зголемувањето.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Пеце Груевски делумно е задоволен од ова решение, бидејќи смета дека е задоцнета реакцијата на судските власти.

„Ваквото решение беше можно да се направи многу порано, но судските власти немаа желба да покажат конструктивност, за да се обезбеди еднаков третман за сите вработени во правосудството“, вели Груевски. Тој потенцира дека мора да се најде трајно решение и да се донесе нов закон за судска служба.

Судската администрација лани штрајкуваше 58 дена со барање и таа да добива додатоци на плата, но наместо тоа, од страна на Судскиот совет беа издадени решенија за намалување на платите за 40 отсто за два месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП