8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент одобри уште 6 милијарди евра за миграцијата и невработеноста

Европскиот парламент одобри уште 6 милијарди евра за миграцијата и невработеноста

Европскиот парламент постигна договор за доделување на дополнителни шест милијарди евра за европскиот буџет до 2020-та година, објави институцијата во свое соопштение.

Од оваа сума 3,9 милијарди евра ќе бидат наменети за решавање на миграцискиот проблем: над 2,5 милијарди ќе одат за прашања поврзани со миграцијата внатре во Европската унија, а останатите 1,39 милијарди долари – за борба против миграцијата од надвор.

Останатите 2,1 милијарди евра ќе бидат распределени за работни места и раст, а поголемиот дел од средствата ќе одат за поддршка на Иницијативата за младинско вработување (Youth Employment Initiative) 2017-2020 година. Од износот ќе бидат насочени и средства за транспортна инфраструктура, истражувачки програми, поддршка за мали и средни претпријатија и „Еразмус +“.

„Парламентот со право ја одобри ревизија на неколкугодишната финансиска рамка за да се соочи со новите предизвици пред Европската унија“, рече Јан Олбрихт.

„Иако нашата амбиција за степенот на промените не беше целосно исполнет, можеме да бидеме задоволни од резултатот“, додава тој. Според него така ќе има повеќе простор за маневри во одговор на новите предизвици.

Во меѓувреме, Европскиот совет договори дополнително финансирање од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за проекти надвор од ЕУ, кои се борат со миграциските прашања. Финансирање од 3,7 милијарди евра ќе биде распределено за проекти кои одлучуваат за причината за миграцијата и потребите за транзитот и прифаќањето на заедниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП