21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска има проблем - бара 100.000 работници

Финска има проблем – бара 100.000 работници

Финска ужива во зголемениот економски раст кој е поттикнат благодарение на успесите во локалната бродоградба и автомобилската индустрија. Но, имаат друг проблем.

Според пишувањето на финските медиуми, недостатокот на работна сила во таа земја стана најголемиот национален проблем. Министерот за економија Мик Линтила се врати од турнеја по целата земја и изјави дека секаде слушнал жалби дека постојат многу слободни работни места на кои никако не успеваат да вработат луѓе. Проблемот е најголем во главниот град Хелсинки.

Како што пишува Тпортал, надлежните служби пресметале дека во Финска во моментов има околу 100.000 слободни работни места кои не успеваат да се пополнат со 300.000 невработени Финци, бидејќи тие не се квалификувани за тие работни места.

На пример, фабрика за автомобили во еден град би требало до летото да вработи илјада нови рбаотници. Силен раст бележат и финскиот шумарски и градежниот сектор на кои исто така им недостасуваат квалификувани работници.

Финската влада затоа подготвува нов закон во кој ќе понуди преквалификации и поттикнување на работниците да се преселат во подрачјата во кои има слоодни работни места и да им се плаќаат патните трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП