7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин извини, на Трамп рацете му се врзани

Путин извини, на Трамп рацете му се врзани

Белата куќа нема да ги ублажи санкциите кон Русија во наредните 12 месеци, сметаат повеќе економисти кои ги анкетираше Блумберг.

Скандалите кои неодамна се случија околу наводното мешање на Русија во американските избори, како и зголемувањето на притисокот на претседателот на САД Донлад Трамп и неговата администрација, ги принудија експертите да го намалат својот оптимизам по тоа прашање.

Дел од аналитичарите кои веруваа дека Вашингтон ќе започне да ги намалува своите казнени мерки против Русија, опадна на 25 проценти, што е половина отколку што тоа беше во јануари.

Економистите исто така ја изгубија вербата дека и ЕУ ќе ги укине санкциите и сега само 20 проценти од испитаниците мислат дека европскиот блок ќе го направи тоа.

„На Трамп му се врзани рацете, и не може така лесно да ги ублажи санкциите кон Русија. ЕУ исто така нема тоа да го направи пред некаков договор со Русија околу прашањето за источна Украина. Едноставно, во овој момент не постои политички простор за намалување на рампите“, вели главниот стратег за пазарите во развој.

Прашањето за ублажување на руските санкции наводно е тргнато од дневниот ред на владата во САД, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП