28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската комисија го одобри спојувањето меѓу ChemChina и Syngenta

Европската комисија го одобри спојувањето меѓу ChemChina и Syngenta

Откако САД го даде својот „благослов“ за мегазделката меѓу „ChemChina“ и „Syngenta“, и Европската комисија го одобри купувањето вредно 43 милијарди долари на швајцарската група за пестициди и семиња, соопштува „Ројтерс“.

Зделката, која е најголемото странско купување на кинеска компанија е една од неколкуте кои преоформираат меѓународниот пазар за земјоделски хемикалии, семиња и ѓубрива, но и предизвикуваат загриженост кај земјоделците дека идниот развој на нови хербициди и пестициди може да забави.

Европската комисија во средата објави дека предложената продажба на средства ги решава сите грижи за конкуренцијата.

„За европските земјоделци и крајните корисници е важно да има ефективна конкуренција на пазарите за пестициди дури по аквизицијата на „Syngenta“ од „ChemChina““, изјави комесарот за конкуренција Маргрете Вестагер.

Акциите на „Syngenta“ се тргуваат со зголемување од 1,5%, откако беше најавена дозвола од ЕУ.

„ChemChina“ ќе продаде голем дел од бизнисот на филијалата „Adama“ поврзана со пестициди, хербициди и инсектициди. Компанијата ќе се раздели и со производи за третман на семиња за житни култури и шеќерна репка, како и значителен дел од бизнисот за регулирање на растот на растенијата – овој поврзан со житни култури.

„Syngenta“ исто така ќе треба да се раздели со дел од пестицидите. Светскиот производител број 1 ги продава своите производи во над 90 земји под брендови како „Acuron“, „Axial“, „Beacon“ и „Callisto“. Продава и семиња како житни култури, пченка, ориз, соја и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП