12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Пен: Ако замине еврото, нема да заминат и инвеститорите

Ле Пен: Ако замине еврото, нема да заминат и инвеститорите

Претседателската кандидатка Марин ле Пен, вели дека инвеститорите нама да ги повлечат парите од Франција во случај таа земја да го отфрли еврото.

Ле Пен која е позната по својот став против еврото вели дека инвеститорите се загрижени бидејќи не знаат дали ќе бидат во состојба и понатака да остваруваат профит како претходно, но не ги загрижува еврото.

„Светот се промени, тоа е она што ги загрижува. Светот се одалечува од слободната трговија“, додаде таа.

Изјави дека, доколку победи на изброите, ќе распише референдум на кој Французите ќе можат да одлучат дали сакаат да го задржат еврото.

Вети дека ќе ја врати националната валута франк доколку биде избрана.

„Ние сме на милост на валута која е прилагодена за Германија, а не на нашата економија. Еврото е како нож во грбот“, изјави таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП