Tрговскиот ден во среда започна со две блок трансакции со акциите на Макпетрол и Алкалоид. Имено со акциите на Макпетрол се истргуваа 57 лотови по цена од 26.193,00 денари, додека кај Алкалоид се истргуваа 400 лотови по цена од 5.760,00 денари.

Интересен е фактот дека во класичното тргување немаше ниту една транксација со акцијата на Макпетрол.
Во класичното тргување најликвидна акција беше акцијата на НЛБ банка со промет од 1 милион денари. Вкупно 95 лотови се истргуваа по просечна цена од 10.800,32 денари преку 9 трансакции
Дневната листа на добитници ја предводеше акцијата на Гранит АД Скопје со раст на вредноста од (+1,49%) проценти, а зад неа акцијата на Алкалоид АД Скопје со раст на вредноста од (+0,25) проценти.
Наспроти неа, најголем губитник со истргувани 5 акции по просечна цена од 3.500,00 денари, што придонесе до пад на вредноста за (-1,41%) проценти беше акцијата на Македонијатурист АД Скопје.
МБИ-10 забележа благ раст од -0,06 отсто и заврши на 2.256,41 индексни поени.