10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонци влегуваат во Белградска пивара(BIP)

Македонци влегуваат во Белградска пивара(BIP)

Доверителите конечно се согласија. Новиот бизнис-технички партнер на „BIP“ ќе биде компанијата „M6 Еден Срб“, која за месечен закуп понуди 76.000 eвра. Tоа е српска компанија на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, која е основана во средината на 2015-та година. Тој се води и како директор.

„Понуди доставија и Конзорциумот „Инса“ Земун, независната трговска продавница „Певац“ од Крагуевац и „Unidrop“, велат од Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници.

„Сите три понуди ги исполнија сите услови од јавниот повик. Финансиски најповолна понуда достави „M6 Еден Срб“. Oдборот на доверители во рок даде согласност со четири гласа да се прифати понудата на „M6 Eден Срб“. Стечајниот управник во согласност со јавниот повика ќе пристапи во склучување на договор со избраниот понудувач“, велат го Агенцијата.

Закупецот е должен да ангажира најмалку 100 поранешни работници. Компанијата „M6 Eден“, според податоците од Агенцијата за стопански регистри, немала ангажирано работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП