28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови ветувања - има ли излез од ќорсокакот?

Нови ветувања – има ли излез од ќорсокакот?

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изрази внимателен оптимизам во поглед на скорото постигнување на договор меѓу Грција и нејзините кредитори.

Тоа би овозможило исплата на понатамошната финансиска помош за Атина.

„Денес чувствувам многу значаен и реален напредок во нашите разговори по повеќемесечниот застој“, изјави Туск по состанокот со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, а на почетокот на својата посета на Атина, пренесува аенцијта Франс прес.

„Се надевам дека, во оваа фаза на преговори, сме многу блиску до конечното решение“, наведе Туск, додавајќи дека и двете страни мораат да бидат внимателни.

Туск, исто така, ќе се состане со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а неговата посета на Атина доаѓа откако грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос вчера повторно во Брисел ги покрена преговорите меѓу Грција и кредиторите.

Преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори – останатите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен донд – со месеци беа во ќорсокак поради несогласувањето околу ублажувањето на товарот на грчкиот долг и буџетските цели на Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП