29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка ќе исплаќа дивиденда од 150 денари по акција

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда од 150 денари по акција

Денес, 05.04.2017 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2016 година со бруто-добивка во износ од 872,3 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 93 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 779,3 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 779,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 15% од номиналната вредност на акцијата, односно по 150 денари на една акција.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 437,5 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2016 година, Развојниот план со финансиски проекции за периодот 2017-2021 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија за 2017 година и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП