28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД продолжува со лабавата политика

ФЕД продолжува со лабавата политика

fed1

Комисијата на Федералните резерви за отворениот пазар ќе продолжи со водење на лабава монетарна политика, соопштено е по дводневниот состанок.

Таа одлука на состанокот е усвоена со гласање 11: 1, а иста одлука за водење на лабава монетарна политика е донесена и на состанокот на Комисијата на Федералните резерви за отворениот пазар пред три месеци.

Од тогаш, американската економија почнала да покажува знаци на стабилно закрепнување, подобрена е ситуацијата во поглед на вработувањето, но стапката на невработеност и понатаму е висока, а финансиската политика на владата го ограничува растот на економијата. Во Федералните резерви сметаат дека и понатаму постои ризик од понатамишен пад на економијата и предвидуваат среднорочна стапка на инфлација нешто под 2 проценти.

Поради тоа е донесена одлука за продолжување со лабавата монетарна политика, купување на американскиот јавен долг во вредност од 85 милијарди долари секој месец и други мерки. Поради поттикнување на растот на економијата ќе се продолжи со спроведување на каматните стапки од 0,25 проценти и давање на хипотекарни кредити.

Американските Федрални резерви, на основа на движење на американскиот пазар на труд и стапките на инфлација ќе ја зголемат, односно, ќе ја намалат јачината на набавките на јавниот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП