19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување на...

Повик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување на старите ДУП-ови во Кисела Вода

Општина Кисела Вода објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување и доплнување на постоечките урбанистички планови.

„Заинтересираните граѓани и правни лица иницијативите можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам или во писмена форма во архивата на општина Кисела Вода. Сите оние кои се заинтересирани за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови тоа може да го направат најдоцна до 02.05.2017 година, односно еден месец по објавувањето на соопштението во јавното гласило и на веб страната на општина Кисела Вода. Истото е и обврска на општината, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање“, се вели во соопштението.

Локалната власт најавува дека и во иднина ќе продолжи во соработка со граѓаните и правните лица на својата територија да создава квалитетни услови за живот за сите свои жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП