18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент на прво место во преговорите за Брекзит ги става правата...

Европскиот парламент на прво место во преговорите за Брекзит ги става правата на граѓаните

Денес европските пратеници ќе расправаат и ќе гласаат за приоритетите во преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ, како и за односите по Брекзит.

Договорот, кој треба да биде постигнат, подлежи на одобрување од страна на Европскиот парламент. Меѓу клучните принципи за Парламентот ќе биде заштита на интересите на луѓето.

На 29 март Британија го активира член 50 од Договорот за ЕУ, со што даде сигнал за почеток на долгиот период на преговори меѓу Лондон и Брисел.

Едно од главните прашања е тоа што ќе се случи со Британците кои живеат во ЕУ, и со граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Велика Британија.

Проектот на резолуција за кој Парламентот ќе гласа утре, повикува на фер третман на граѓаните и во неа се посочува дека нивните интереси треба да бидат приоритет во преговорите.

Пратениците додаваат дека статусот и правата на граѓаните треба да се базираат на принципите на реципроцитет, еднаквост и недискриминација.

Меѓу другите принципи, вклучени во резолуцијата, се:

– Преговорите треба да бидат водени добронамерно и транспарентно;

– Не може да се прават компромиси за прашањата на безбедноста и идните економски врски;

– Мировниот процес во Северна Ирска треба да продолжи и треба да бидат избегнати тврди ограничувања на движењето на луѓето и на стоки на границата со Република Ирска;

– Велика Британија треба да ги исполни обврските кои ќе ги презеде, вклучувајќи и во буџетската област;

– Рамката на идните односи меѓу Британија и ЕУ може да биде земена само кога ќе биде постигнат значаен напредок во разговорите за начинот на напуштање на Велика Британија;

– Не може да се избирасамо она што се им се допаѓа: учество во единствениот пазар кој претпоставува слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе;

– Не може да има одделни преговори со земјите од ЕУ или надвор од ЕУ.

Приоритетите во резолуцијата имаат важно значење, бидејќи тие ќе им помогнат на пратениците да одлучат дали крајниот резултат од преговорите е задоволителен и дали Парламентот може да даде согласност.

Без одобрение на ЕП крајното договор не може да стапи на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП