17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит без поголеми осцилации

Индексите на Волстрит без поголеми осцилации

Индексите на Волстрит во вторник не осцилираа нешто позначајно, бидејќи инвеститорите не сакаат да ги менуваат позициите во пресрет на сезоната на објава на деловните резултати на компаниите, но и заради сомнежите дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги исполни дадените ветувања во врска со мерките за поттикнување.

Dow Jones зајакна 0,19 отсто, на 20.689 бодови, додека S&P 500 порасна 0,06 отсто, на 2.360 поени, а Nasdaq индексот 0,07 отсто, на 5.898 бодови.

На самиот почеток на тргувањето цените на акциите благо се покачија бидејќи Трамп повтори дека инвестициите во инфраструктурата би можеле да достигнат билион американски долари и дека неговата влада работи на ублажување на регулациите во финансискиот сектор.

Овие ветувања на Трамп пред неколку месеци поттикнаа силен раст на берзата, но откако пред извесно време пропадна неговиот предлог за здравствена реформа, инвеститорите не се сигурни дека Трамп ќе успее да ги исполни дадените ветувања, па заради тоа во вторник се тргуваше внимателно.

На американската берза сопствениците ги заменија 6,2 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесувал 6,8 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП