3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез храна неколку милиони луѓе во Сирија

Без храна неколку милиони луѓе во Сирија

Над седум милиони луѓе во Сирија се наоѓаат во критична состојба поради недостиг на храна, а ситуацијата се влошува секој ден поради војната која трае , изјави претставник од светската програма за храна на ОН.

Бројот на луѓе на кои им е потребна помош во Сирија надмина шест, односно седум милиони, луѓето се во критична потреба за храна, изјави Муханад Хади, регионален директор на СПХ за Сирија.

Како што одминуваат деновите и месеците, бројот на луѓе на кои им е потребна помош во храна се зголемува. Ситуацијата на терен не се подобрува. Поради тоа, најмногу страдаат децата, изјави тој.

Во некои делови има луѓе кои не знаат кога ќе го имаат следниот оброк. Производството на храна во Сирија е намалено на најниско ниво. Голем број фармери мораа да ги напуштат поседите, неможејќи да се соочат со високите цени на семенскиот материјал и горивото за трактори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП