11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на европските берзи благо пораснаа

Цените на европските берзи благо пораснаа

Цените на акциите на европските берзи во вторник благо пораснаа, при што зајакна нафтениот и рударскиот сектор, додека автомобилскиот е под притисок.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,54 отсто, на 7.321 бод, додека франкфуртски DAX порасна 0,21 отсто, на 12.282 поени, додека париски CAC 0,3 отсто, на 5.101 бод.

По падот на почетокот на неделата, најмногу пораснаа цените на акциите во рударскиот и нафтениот сектор, што најмногу се должи на стабилизацијата на цената на нафтата и суровините.

На азиските берзи цените на акциите паднаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, околу 10 часот бил во минус 0,2 отсто.

На Токиската берза Nikkei индексот се лизна 0,9 отсто, на 18.810 бодови, најниското ниво во десет недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП