19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing потпиша договор вреден три милијарди долари со Aseman Airlines

Boeing потпиша договор вреден три милијарди долари со Aseman Airlines

Амeриканската компанија „Boeing“ соопшти дека потпишала со иранската авиокомпанија „Aseman Airlines“ договор вреден три милијарди долари за купување 30 авиони 737 MAX.

Со договорот е предвидена и можност за купување на дополнителни 30 авиони.

Иранската авио-компанија „Iran Air“ во декември минатата година постигна договор со „Boeing“ за 80 патнички авиони, во вредност од 16,6 милијарди долари.

Договорите се овозможени со укинувањето на санкциите за Техеран откако Иран со светските сили постигна договор за ограничување на својата нуклеарна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП