26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромет од околу 9 милиони денари на Македонската берза

Промет од околу 9 милиони денари на Македонската берза

Вкупниот промет на Македонската берза во вторник изнесуваше 8.905.718 денари реализирани преку 48 трансакции и истргувана количина од 19.425 лотови.

Индексот МБИ10 во зелена територија +0,16%, со што денот го заврши на вредност од 2.255,07 индексни поени.

Во класичното тргување на врвот по прометот со учество од 35,66 отсто се најде акцијата на Алкалоид АД Скопје со истргувани 265 акции по просечна цена од 5.757,80 денари, додека кај блок трансакциите промет од 2,5 милиони денари имаше со акцијата на Козјак АД Куманово (цена 250 денари, количина 10.000 лотови)

Во класичното тргување на листата на “милионерите” на денот се рангираше и акцијата на Комерцијална Банка АД со промет од околу 1.2 милиони денари и истргувани 458 лотови по цена од 2.800,00 денари.

За обврзниците во вторник имаше минимален интерес, конкретно 1.698 лотови од РМДЕН15 се истргуваа по цена од 95 отсто при што така индексот ОМБ остана ја намали вредноста и заврши на нивото од 129,68 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП