9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Се во светот би можело да се влоши

Лагард: Се во светот би можело да се влоши

Животниот стандард на луѓето во светот би можел да се вложи доколку владите не инвестират повеќе средства во истражувањето и образованието.

Тоа би можело да помогне во оживувањето на слабиот раст на продуктивноста, потенцираше директорката на ММФ, Кристин Лагард.

„Уште една деценија на слаб раст на продуктивноста сериозно ќе го загрози растот на глобалниот животен стандард“, изјави Лагард на Американскиот претприемачки институт во Вашингтон, пренесува агенцијата Ројтерс.

Бавниот раст, како што додаде, исто така би можел да ја загрози финансиската и социјалната стабилност на одделни земји, бидејќи ќе им ја отежне активноста за намалување на големата нееднаквост.

Лагард истакна и дека приватниот сектор нема да биде во состојба самостојно, без државна помош, да генерира доволно иновации со цел продуктивноста да се подигне на одржливо ниво.

Рецесијата која следеше по кризата, според нејзините зборови, остави трајна лузна на учинокот по работник и вкупното фабричко производство, поради што владите, како што истакна би требало да направат повеќе на планот ослободување на претприемачката енергија, намалувањето на бариерите за конкуренцијата, инвестициите во образованието и обезбедувањето на даночни поттикнувања за истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП